IBM ќе инвестира милијарда долари во вештачката интелегенција Watson, суперкомпјутерот кој во 2011 година успеа да ги победи човечките натпреварувачи на квизот Jeopardy!. Компанијата ќе инвестира во нов оддел за Watson, а 100 милиони долари ќе бидат инвестирани за развој на апликации кои ќе ја користат интелигенцијата на Watson. Одговорен за новиот оддел ќе биде Мајкл Родин кој доаѓа од одделот за софтверски решенија, што покажува во која насока ќе работи и новиот оддел. Целта на Watson е да комуницира со луѓето преку говор, копирајќи го начинот на кој размислуваат и луѓето, а IBM ќе ги понуди неговите услуги преку облакот.
„Стигнавме до точка на развојот кога интересот е толку голем што мора да го забрзаме развитокот.“, пренесува BBC.
Инвестициите доаѓаат поради огромниот интерес за апликациите и услугите преку облакот кој IBM ги најави за Watson. Станува збор за примена на Watson во продажба, грижа за корисници, банкарство, осигурување и телекомуникации. AZN Bank, Nielsen, Celcom, IHS и Royal Bank of Canada се пионери во прифаќањето на услугите кои ги нуди Watson, но по се изгледа дека IBM е задоволен од напредокот и планира проширување на услугите. Проценката е дека до 2018 дури 18 отсто од приходите на IBM ќе доаѓаат од „изнајмување“ на Watson преку облакот.
Можеби не бев доволно јасен и не се изразив добро.
Изгледа не ме разбравте, во првата реченица наместо компјутер имате комјутер.
Поздрав.
Сега е јасно, и е поправено. Ти благодариме. :)
typo: супер комјутер :)
Nope, http://rechnik.on.net.mk/#/recnik/en-mk/supercomp… Но, во секој случај ти благодариме на забелешката, бидејќи не стави на мисла да се провериме. Не сакаме да грешиме. :)