2 коментари 1 мин. читање

Истражувачи работат на 3Д принтер кој може да испринта куќа за 24 часа

Иако технологијата за 3Д принтањето е на својот почеток, сепак наговата примена ги надминува и најлудите очекувања. Најнов проект на Универзитетот на Јужна Калифорнија е огромен 3Д принтер со кој ќе може да се принтаат куќи за само 24 часови. Contour Crafting е всушност автоматизирање на процесот, кој овојпат наместо луѓе ќе го извршува робот.

Идејата е дело на тимот на професорот Берок Кошневиц, а овојпат наместо пластика принтерот ќе работи со бетон. Вака изработените куќи не само што побрзо ќе се градат туку издржуваат 703 kg/cm2 наспроти традиционално изградените ѕидови кои издржуваат 211 kg/cm2. Покрај стандардната глава која овојпат принта со бетон, принтерот има дополнителна „рака“ која се ќе може да подига бетонски модули за крововите или над дупките за прозорци и врати.

Ова отвара сериозно прашање што во овој случај би работеле градежните работници. Според MSN оваа индустрија вработува 110 милиони работници. Дури и овој принтер да не го испорача ветувањето, во блиска иднина без сомневање ќе бидат заменети со сличен уред, засега единствената работа која останува за луѓето е монтирање на врати и прозорци но само прашање на време е кога автономни работници ќе ги заменат луѓето и за ова.

[youtube]M_LLSsNnHn8[/youtube]

[youtube]-yv-IWdSdns[/youtube]
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top