0 коментари 1 мин. читање

И Samsung додаде AdBlocker на мобилниот прелистувач

По најавата на Apple дека ќе интегрира AdBlock на Safari, нaјверојатно требаше да очекуваме дека истото ќе го направи и Samsung. Jужнокорејската компанија најави дека следната генерација на прелистувачот ќе доаѓа исто така со можност за интеграција на AdBlock.

Потегот на Samsung можеби е добар, иако останува прашањето колку корисници го користат нивниот прелистувач и дали можеби подобар избор ќе беше интеграција на Chrome на оперативниот систем или било кој покорисен прелистувач. Дополнително, иако идејата на Samsung e да покаже дека може да го следи Apple кога грижата за корисниците е во прашање, сепак повеќе делува како Samsung да нема сопствени идеи.

Сепак имплементација на AdBlock на најголемиот производител на паметни телефони не ги радува сите. Најверојатно најголем дел од медиумите чии опстанок е директно поврзан со пари од рекламите, нема да бидат воодушевени од ова.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top