1 коментар 2 мин. читање 2 февруари, 2016

Google стартува курс за вештачка интелигенција и deep learning

Google во соработка со Udacity организира бесплатен курс за сите заинтересирани за „deep learning“, oдносно учење и оптимизирање на невронски мрежи во машините во обид да се креира сложена вештачка интелигенција. Курсот доаѓа само неколку месеци откако Google го отвори кодот за Tensor Flow.

Со оглед на тематиката, разбирливо курсот не е предвиден за почетници, но на инженерите и статистичарите многу ќе им помогне. „Ќе ви покажеме како да ги вежбате и да ги оптимизирате основните невронски мрежи, конволуциските мрежи како и долготрајна/краткотрајна меморија. комплетните системи за учење со Tensor Flow ќе бидат опфатени во проектите и задачите. Ќе се научите да надминете нови видови на проблеми, за кои сте сметале дека сте премногу тешки, но и повеќе ќе ја цените човековата интелегинција, која без никаков напор ги надминува сите овие проблеми“, вели Арпан Чакраборти, кој го води курсот.


Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Vladimir
Vladimir
10 years ago

Невронски мрежи.

Мени
Заедница
Изглед
To top