И покрај протестите, Филипини воведе контроверзен сајбер закон

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

И покрај протестите на граѓаните и медиумите кои предупредуваат на цензура, Владата на Филипини сепак го донесе контраверзниот закон за сајбер-криминал, јавува BBC. Според подржувачите, целта на законот е да ги спречи онлајн сексот, детска порнографија, кражба на идентитет и спамирање. Со оглед на некои од опфатените содржини, пред се детската порнографија, максималната казната од 12 години затвор се чини соодветна.

Но, властите останаа глуви на најмалку осум петиции, кои тврдат дека новиот закон е против уставен. Во поддршка на протестот се ангажираа и хактивистите Anonymous кои нападнаа владини веб страни. На протестите им се придружија и новинарите, а граѓаните ги променија профил сликите на Facebook во празна слика.

Забелешките се однесуваат на тоа дека истиот закон може да се користи и за подршка на властите, односно цензурирање на критиките кон власта што истовремено е и удар кон слободата на говорот. Уште полошо според новиот закон луѓето ќе можат да бидат прогласени за виновни поради клевети изречени на форуми, блогови па дури и на друштвените мрежи.  Покрај ова владини органи ќе можат да запленат, пребаруваат и земаат податоци од онлајн профилите на луѓето.

Humans Rights Watch истотака го критикува законот поради опасноста од замолкнување на слободниот говор.   Бред Адамс претставникот на HRW за Азија побара законот да биде заменет или поништен.

“Сите кој објавуваат постови на популарните социјални мрежи или кои објавуваат содржини на Интернет се во опасност од долгорочна затворска казна доколку некој го обвини авторот на постот или статијата за клевета.”, објави г. Адамс на страната на HRW.

Граѓаните на Филипини и понатаму продолжуваат да праќаат пораки до властите со кои јасно им ставаат на знаење дека не се согласуваат со законот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk