На натпреварот можат да учествуваат сите кои ќе се пријават најкасно до 30.09.2010. Пријавата треба да го содржи концептот на идејата за апликацијата. Изработката на апликациите е најкасно до 19.11.2010. Еден од условите е апликацијата да е на македонски јазик. Потоа од 20.11 до 20.12.2010 ќе биде објавена листата, по што ќе следи и наградување на најдобрите Android апликации.
Наградата за прво место е 6.000 евра (366.000 денари) и пат во Лондон со посета на седиштето на HTC. Второто и третото место ќе добијат 4.000 евра, односно 2.000 евра. А најдобрите 10 апликации ќе добијат по еден HTC телефон.
Апликациите по завршување на One Аndroid предизвикот ќе бидат објавени на wep.planet.mk и на HTC мобилните телефони, но ќе можат да се нудат и самостојно.
Интересно, авторите ќе треба да отстапат одредени авторски права на One. Aпликациите ќе мора една година да го носат логото на One и ќе мора да ја отстапат апликацијата за рекламирање.
„Ако развиената апликација предвидува и простор за тргување со рекламен простор развивачите на победничките апликации се должни на организаторот во период од една година по завршувањето на наградниот натпревар на организаторот да му отстапат простор за рекламирање внатре во апликацијата за промоција на понудата и на услугите на ОНЕ АД СКопје.“ пишува во правилата за учество.
Повеќе за One Android натпреварот ќе најдете на официјалната страна.
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.