Google работи на своја верзија на Siri, личен виртуелен асистент што Apple го претстави со iPhone 4S. Верзијата на Google има работно име Majel, според непотврдениот извештај од AndroidandMe.com. Majel е име на компјутерскиот интерфејст на серијата Star Treck.
Google ќе ги искористи Google Voice Actions кое веќе ги има на сите Android уреди така што ќе им даде опции за процесирање на природен јазик. Voice Actions во моментов е можност преку глас му давате одредени команди, но се ограничени само на одредени акции врзани со користењето на телефонот, пример праќање пораки или повикување број. Виртуелен асистент би требало да разбира контекст и природен говор.
Се очекува во првата верзија на Majel да бидат вклучени Google пребарувања. Потоа ќе се додадат команди за управување со телефонот и апликациите. Сервисот би требало да биде претставен во 2012-та.
Majel би требало да биде заснован на вештачка интелигенција на која Google работи веќе неколку години во својата лабораторија X. Корисник кој се претстави како поранешен вработен во Google објави коментар на Reddit во кој вели дека роботот на Google постои и е доста напреднат.
„Имав шанса да комуницирам со роботот лично и искрено тоа е најверојатното нешто што сум го видел. Сакам да мислам дека тоа е Стивен Хокинг бидејќи е неверојатно паметен и може да се комуницира природно со него, но тој е неспособен за физички активности. Има планирана фаза два за развој на напредни роботски платформи.“








Majel(Мејџел) е име на сопругата на Џин Роденбери(креаторот на Стар Трек). Нејзино полно име е Majel Barrett-Roddenberr. Додека компјутерскиот интерфејс мислам дека е LSCAR.