Компанијата Hyperloop Transportation Technologies претстави капсула која ќе може да пренесува патници веќе од следната година. Капсулата ќе се користи во системот за превоз Hyperloop.
Иако Quintero One ќе биде достапна следната година, изгледа невозможно дека било кој ќе има изградено систем по кој ќе вози капсулата.
Капсулата е долга 32 метри, а просторот за патници е долг 15 метри. Засега нема податоци ни за бројот на патници, ни за начинот на кој ќе се движи капсулата во тунелите. Со оглед на габаритот на капсулата, се чини дека има некаков мотор и систем за одржување во случај на незгода.
Капсулата сега се префрла во седиштето на Hyperloop Transportation Technologies каде капсулата ќе биде тестирана.
Според некои груби пресметки капсулата би можела да пренесува околу 80 патници, вели Engadget.
Hyperloop One е транспортно решение кое засега е во фаза на развој. Патниците во капсула се возат и превезуваат во рекордно кус период. „Капсулата“ се сместува во цевка со специфични услови, за намалување на триењето, капсулата левитира на своите лежишта. За левитација се користи истиот воздух кој ја придвижува капсулата нанапред. Во најголем дел од патувањето не се користат линеарни магнети мотори иако во дел од патот, движењето настанува благодарение на овие мотори.







