0 коментари 1 мин. читање 31 јануари, 2014

Канадските власти ги шпионирале патниците преку Wi-Fi на аеродром

Нови тајни документи кои ги достави поранешниот аналитичар на Американската агенција за национална безбедност (NSA), Едвард Сноуден, oткриваат дека во прислушувањето и следењето на корисниците биле вмешани и канадските власти, покрај американските и британските агенции. Канадските разузнавачи користеле јавни Wi-fi мрежи од аеродромите за да следат илјадници патници дури и неколку дена откако патниците ќе го напуштат терминалот, пренесува CBC.

Канадските власти ги собирале само мета податоците од комуникацијата, односно датумот и локацијата на повиците и имејл, но не била собирана содржина за што се зборувале и за што се пишувало во пораките. Нема информации како канадската агенција (CSEC) ги собирала информациите, ниту од кој аеродром биле собирани.

Според канадските експерти за право, ваквото следење е нелегално, ниту пак може да се најдат причини кои ќе го оправдаат. Во Канада разузнавачките служби можат да собираат информации преку интернационални повици и интернет сообраќај, но им е забрането да ги следат Канаѓаните без судски налог.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top