Ова е трето продолжение на делот кој опфаќа padding, margin и box model. Видеото е кусо и се однесува на појаснување што се случува кога две маргини ќе се најдат една до друга.
Никола Ѓоргиев е фронт-енд девелопер кој своето C#, Unity, JavaScript и React искуство ги споделува со сите преку туторијали на својот YouTube канал. Овојпат, Никола го споделува своето искуство со HTML/CSS, како вовед во продолжување на React туторијалите. Во моментов Никола е сениор фронт-енд девелопер во Dept.
Видеата се одлично склопени, едноставни за разбирање, и што е вистинска реткост, на македонски.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари