HTC работи на Nexus 9 таблет компјутер со Tegra процесор

Тајванскиот производител HTC барем засега нема среќа со Nexus телефоните, но се чини дека Nexus 9 таблет компјутерот ќе доаѓа токму од нив. Станува збор за таблет компјутер со 8,9 инчен екран и со резолуција 2048х1440, кој би можел да доаѓа под името Volantis, јавува Android Police.

Што се однесува до однесува до остатокот од хардверот Volantis има NVIDIA Logan 64-битен Tegra K1 процесор; 2 GB RAM; 16 или 32 GB слободен простор; 8 МР задна и 3 МР предна камера. Димензиите на таблет компјутерот се 22,6 х 15,19 х 0,79cm и тежи околу 420 грама. Што се однесува до перформансите на Tegra К1, според бенчмарк тестовите, проесорот е многу побрз од Snapdragon 801, а во дел од тестовите е побрз и од i5-процесорите.

Што се однесува до цената Volantis би можел да чини 400 долари за 16 GB верзија и 500 долари за верзијата со 32 GB слободен простор. Оваа цена сепак изгледа превисока, па на дел заинтерисираните купувачи би можел да им се намали интересот за уредот, иако Tegra K1 е навистина импресивен процесор. Дополнително проблем може да претставува и тежината на таблетот кој е потежок и од дел од поголемите таблет компјутери. Како можен период за презентирање е најавено последното тримесечие на 2014 година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk