Android и Windows Phone ќе добијат „kill-switch" како заштита против кражби

Android и Windows телефоните наскоро би можеле да добијат функција која во случај на кражба би направил телефонот да биде корисен колку цигла, со што кражбите на скапите уреди би станале бескорисни. Доколку Microsoft и Google ја вметнат во своите телефони, трите најпопуларни оперативни системи за телефони би ја имале на своите уреди, јавува BBC. Двата најголеми производители на телефони Samsung и Apple веќе нудат слична функција на своите уреди.

Експертите кои се загрижени од се поголемиот број на кражби бараат имплементацијата на оваа функција во сите уреди со цел да се демотивираат криминалците. Минатата година во САД биле украдени 3,1 милион телефони што е речиси двапати повеќе од 2012 година. На секој трет Европјанин му бил украден или го загубил телефонот, додека во Јужна кореа од 2009 до 2013 година кражбите на телефони се зголемиле за пет пати.

Сепак имплементирањето на оваа функција не е едноставно, всушност дел од експертите велат дека за уредот да биде целосно бескорисен штетата која ќе биде направена мора да биде физичка. Во спротивно крадците би можеле да пронајдат начин да ја исклучат оваа функција. Уште поопасен би бил случајот доколку овој сигнал им падне во раце на злонамерни хакери кој со ова би добиле можност по желба да ги исклучуваат телефоните на корисниците.

Покрај очигледните проблеми кои би го следеле имплементриањето на „kill-switch“ искуствата покажуваат дека откако Apple ја вклучил оваа функција на iPhone, значително се намалил бројот на украдени iPhone-и додека во истиот период бројот на украдени телефнони од останатите производители пораснал.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments