HTC One пристигна во Македонија, достапен е во T-Mobile

One е достапен во T-Mobile. Знам дека звучи чудно, но не се работи за операторот, туку за најновиот flagship телефон од HTC кој го засени и најновиот Samsung Galaxy S4. Нема информации дали ќе биде достапен и во One и Vip, иако е можно да го видиме HTC One и кај нив бидејќи сите македонски оператори продаваат HTC уреди.

Во еден потег на инспирација, HTC ги отфрли сите свои преходни One V, One S модели, и го претстави ребрендираниот „the One“ кој беше пофален за алуминиумскиот дизајн и одличните перформанси. HTC One има 4,7 инчен 1080p дисплеј, 1,7 GHz Snapdragon 600 процесор со четири јадра, UltraPixel камера, простор од 32 или 64 GB, но без microSD поддршка, и Android 4.1 со Sense 5. Цената му е иста како S4, односно 35.000 само за телефон без договор.

[youtube]7tBZInwOOds[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
petarpan
petarpan
9 years ago

narodov e poln so pari, 35 000 za telefon……