Џозеф Гордон-Левит ќе го глуми поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден

во Свет

Доколку се оди според плановите актерот Џозеф Гордон-Левит ќе биде во улогата на поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, во новиот филм на Оливер Стоун – The Snowden Files. Актерот и режисерот се надеваат дека ќе успеат да постигнат договор, иако засега сè уште не започнале со преговори. Сепак Оливер Стоун веќе му ја понудил улогата на актерот кој веднаш ја прифатил, јави Variety.

Сценариото за филмот го пишува г.Стоун, а ќе го базира на две книги: The Snowden Files од новинарoт на Guardian, Луке Хардинг, и Time of Octopus на Антони Кучера, адвокатот на г.Сноуден.

Приказната за Едвард Сноуден се појави минатата година кога започна да објавува податоци за надгледувањето кое го прави Националната агенција за безбедност (NSA). Покрај тоа што добар дел од луѓето на него гледаат како на херој, дел го прогласија за предавник на интересите на САД на кој треба да му се изрече затворска казна. Засега г. Сноуден се наоѓа во Русија, држава која му понуди азил.

[youtube]yVwAodrjZMY[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk