Софтверот за обработка на податоци од сателити направен од хрватскиот стартап Amphinicy Technologies е 20 пати побрз од сличен софтвер на американската вселенска агенција NASА. Стартапот од неодамна доби неповратна инвестиција од Европската комисија која го оцени стартапот за најдобар во вселенската категорија. Софтверот не само што е првиот во регионот кој добива средства од Space програмата на европската Horizon 2020 програмата, туку за оваа година е прогласен за најдобар во оваа категорија. Дополнително компанијата зад софтверот е дел од најдобрите компании во Европа, јави Netokracija.
Софтверот со име Blink ги обработува податоите кои сателитите го испраќаат по собирањето на податоци од земјината површина. Благодарение на алгоритмите софтверот е најбрз во својата категорија, со оглед на тоа дека станува збор за пазар кој е во раст, Blink во иднина би можел да биде од исклучително значење за европската вселенска програма. Според креаторите, крајната цел на Blink е да помогне за побрзи човечки реакции при природни катастрофи како земјотреси, но и човечки катастрофи како криза со мигранти, зголемена безбедност на границите, и ќе помогне со земјоделството и логистика во полињата кои зависат од податоци од земјиното набљудување.
„Добиените средства се признание на нашата долготрајна работа и труд, но и снажен потстрек за иден напредок. Благодарение на овие средства, имаме одлична можност за вложување во понатамошен развој на проектот Blink како би можеле да креираме производ кој ќе биде препознатлив насекаде,“ вели Фране Милош од Amphinicy Technologies.
Софтветрот е во прва фаза на SME, а од компанијата се надеваат дека во следните шест месеци ќе успеат да приберат доволно повратни податоци од Европската вселенска програма, кои ќе им помогнат во креирањето на порелевантен производ.