0 коментари 1 мин. читање

Хрватски хакери го нападнаа сајтот на локалното претставништво на НАТО

Хакерската група TeamPoison го сруши веб сајтот на претставништвото на НАТО во Хрватска бидејќи, како што е наведено во постот на Pastebin, НАТО ја „дели државата за да изгради војни бази и да украде природни ресурси“, како и за убиство на невини луѓе, бидејќи ја користат пропагандната машинерија на Руперт Мурдок, заради „НАТО тероризам“ итн.

Покрај сајтот на НАТО, хакерите го срушија и сајтот на хрватското Министерство за надворешни работи и европски работи, кој не е достапен ни додека го пишувам овој текст.

Инаку, денес се одржува конференција по повод три години на Хрватска во НАТО. И покрај активистичкиот мотив, групата не наговестува дека е поврзана со хактивистите Anonymous чии локални ограноци во Србија и Хрватска со задоволство ја пренесоа веста на друштвените мрежи, заедно со постот каде се споделуваат логовите од серверите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top