0 коментари 2 мин. читање 16 ноември, 2015

Децата можат да учат програмирање со Star Wars

Code.org во соработка со Disney и Lucasfilm ќе се обидат да ја искористат популарноста на Star Wars и да го приближат програмирањето до децата. Во новиот Hour of Code најмладите во друштво на Принцезата Леа и Реј од филмовите ќе можат да учат или вежбаат програмирање. „Една од најважните работи за нас е да ја популаризираме информатиката, да го прошириме учеството и да вклучиме ученици од сите возрасти и категории, да се испробаат во програмирањето,“ вели Хади Партови, основач на Code.org.

Освен дозвола за користење на карактери од Star Wars серијалите, Disney ќе донира и 100.000 долари во Code.org, средства кои ќе треба да користат за курсеви по училиштата во САД. Неодамна Disney започна бесплатно да нуди дел од софтверот со кој ги креираат своите филмови. Софтверот треба да биде достапен во декември, а освен туторијал, подобрите познавачи на Javascript ќе можат да креираат и цели игри. Што се однесува на децата, за нив се создадени блокови код, кои тие можат со „drag & drop“ да ги стават во прозорецот за извршување и да креираат едноставни секвенци.

Овој пат целта на Code.org е да ги заинтересира девојките, па токму поради ова фокусот е на хероините на серијалот. Минатата година хероините од цртаниот Frozen беа дел од Hour of Code, потсети Wired.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top