0 коментари 1 мин. читање 1 октомври, 2012

HP претстави Windows 8 таблет компјутер за бизнис корисници

И HP претстави свој таблет компјутер кој ќе работи на Windows 8. ElitePаd 900 е 10-инчен уред со електронско пенкало наменет пред се за бизнис корисниците. Има алуминиумска црна маска покриен со Gorilla Glass и исполнува некои воените стандарди на издржливост, како на пример да изржи пад од еден метар. Тежи околу 700 грама и е 9,2 милиметри тенок.

Работи на Intel Atom Clover Trail процесор со 2 GB RAM, има простор од 32 или 64 GB, eкранот е со резолуција од 1280 x 800, и има 8 мегапиксели камера и поддршка за 1080p видео. Според HP, батеријата може да издржи 10 часа работење. Има 2 USB портови, HDMI приклучот и простор за дополнителна батерија.

Знаејќи ја таргет групата може да прретпоставиме дека таблетот ќе биде поскап, можеби како iPad околу 600-700 долари, но ќе треба да почекаме да видиме до јануари кога ќе биде пуштен во продажба.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top