Правилата за заштита на малолетници го прекршуваат првиот амандман, се противи Facebook

Facebook и FTC (Federal Trade Commission) не се согласуваат околу новите правила за заштита на правата на малолетниците. Новата регулатива ако биде донесена без сомневање ќе биде на штета на друштвената мрежа, главно бидејќи ги таргетира идните корисници на Facebook, односно децата и тинејџерите под 18 години.

Промените кои ги предлага FTC  се однесуваат на податоците кои може да се прибираат од малолетници. Поточно според предлогот ќе биде потребна согласност од родителите или старателите на децата. Дел од интеракциите на друштвената мрежа за кој ќе биде потребна согласност од родителите ќе бидат и коментарите или споделувањето на содржини, но и копчето „ми се допаѓа“. Ова најверојатно ќе донесе до намалување на можноста за рекламирање на Facebook.

Facebook се согласува дека активностите треба да бидат ограничени за децата под 13 години, но има потполно спротивно мислење од FTC кога станува збор за децата од 13 до 18 години. Според Facebook, споделување, коментирање или „лајкување“ е уставно право на тинејџерите над 13 години.

The Next Web потсетува дека интерес на друштвената мрежа е корисниците да ги има подолго време, со цел да се навикнат да поминуваат повеже време на мрежата. Еве што вели Facebook:

„Бидејќи предлогот на Комисијата ќе ја ограничи способноста на корисниците кои се 13 години или постари да коментираат или препорачуваат веб-сајтови или услуги во кои ови копчиња се интегрирани, тоа би претставувало кршење на нивното уставно загарантирано право да се вклучат во заштитени говор.

Врховниот суд во бројни прилики препозна дека тинејџерите имаат право на заштита од Првиот амандман. Понатаму, Судот смета дека статутите треба да бидат интерпретирани за да се избегне уставен проблем.

Владината регулатива што ја ограничува способноста тинејџерите, да се вклучат во заштитени говор-како предложеното COPPA правило би покренал прашања во рамките на Првиот амандман.

Извадоци од реакцијата на Facebook целото писмо можете да го погледнете тука.

Еден од проблемите кој ќе ги имаа оваа регулатива ако биде донесена, ќе биде доказот дека некој е над 13 или 18 години. Во моментов тоа е оставено на совеста на новите корисници, кои можат да ја променат годината на раѓање за „отклучување“ на нови интеракции или содржини. Сепак друштвената мрежа тврди дека „знае“ колку секој корисник има години, поточно дека знае, кои корисници се над 13 години.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments