HP најави два нови уреди со големина од 6 и 7 ични, кои, иако се маркетирани како таблет компјутери преку кои можат да се прават повици, тие, според конкуренцијата која има 6-инчи телефони, се всушност фаблети. HP Slate6 VoiceTab и HP Slate7 VoiceTab ќе бидат првите мобилни уреди на HP по паметните телефони кои работеа на сега-отфрлениот webOS. Двата VoiceTab уреди ќе работат на Android 4.2, на необјавен четири јадрвен процесор со 16 GB простор, две камери и екран од 720p за 6-инчниот уред, односно 1280x800p екран за 7-инчниот уред. Се уште нема детали кога ќе бидат пуштени во продажба, но HP најави дека ќе бидат достапни за „добра цена“.
HP најави 6 и 7-инчни Android таблет компјутери преку кои може да се прават повици
Oд IT.mk редакција
во Хардвер
Добивај известувања
Најава
0 Коментари