0 коментари 2 мин. читање 19 август, 2014

HP и Microsoft работат на конкурент на Chromebook кој ќе чини 200 долари

Hewlett-Packard во соработка со Microsoft ќе издаде Windows лаптоп кој ќе чини само 200 долари. Лаптопот е дел од предизвикот кој гигантот од Сиетл им го испорача на своите партнери, креирање на Windows 8.1 лаптоп компјутери по eвтини цени до 250 долари. HP Stream 14 е првиот од овие компјутери, вели Мobile geeks.

Овој лаптоп е најосновната верзија, а доаѓа со AMD A4 Micro-6400T четири-јадрен процесор на 1GHz и интегрирана Radeon R3 графичка карта; 2GB RAM меморија; 32 до 64 GB слободен простор на eMMC; 14-инчен монитор со резолуција 1366х768 и во основната верзија доаѓа без осетливост на допир. Уредот ќе доаѓа и со 720р камера; Beats audio, N-Fi, Bluetooth 4.0 и SDXC слот за картички; HP Stream 14 има HDMI излез, USB 3.0 порт и 2хUSB 2.0 портови. Батеријата со капацитет 2960mAh ќе овозможува работа од 32 часа. Заедно со лаптопот корисникот ќе добие и 100GB простор на OneDrive на користење за период од 2 години.

Новата серија на лаптопи ќе бидат конкуренција на Chromebook на Google, иако Microsoft го исмеваше концептот во своите реклами. Цената на HP Stream 14 е споредлива со нajeвтините Chromebook компјутери, а може да споредат и според хардверот. Дополнително со овие серии лаптопи компанијата можеби ќе се обиде да ги замени своите Surface RT таблет компјутери кои не доживеаа никаков успех.

[youtube]TjQhYBKInwo[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}