0 коментари 2 мин. читање 19 август, 2014

Новиот Аndroid UI на Xiaomi е „прекрасен, едноставен“ и целосна копија на iOS

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi изгледа е решен целосно да го копира стилот на Apple. Откако неодамна се појавија споредби на презентациите на Стив Џобс и Леи Џун, сега Xiaomi ја претстави својата Android модификација MIUI 6, која повеќе наликува на iOS отколку на било што друго Android. Дури и сајтот на Xiaomi е копија на сајтот на Apple.

[youtube]He9YaWwUcPs[/youtube]

Оперативниот систем за прв пат ќе биде достапен на Xiaomi Mi 4 телефонот, а ќе може да се инсталира и на дел од останатите телефони. Иако од компанијата признаваат дека Apple им се инспирација, негираат дека го копираат iPhone и официјално велат дека „копирањето е срамно“. Ова може и да е точно бидејќи изгледот на MIUI 6 е базиран на претходната петта итерација, која беше достапна пред iOS 7, но сепак изгледот на телефонот, па дури и на презентациите покажува дека во Xiaomi можеби сепак се преимресионирани од Apple.

Ќе биде интересно да ја видиме реакцијата од Apple кога Xiaomi ќе излезе надвор од Кина, каде заштитата на интелектуална сопственост е различна отколку во САД, па компанијата од Купертино никогаш не би успеала да ги добие на суд.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top