0 коментари 1 мин. читање

HP го отвори кодот на мобилниот WebOS

HP во декември најави дека ќе го отвори кодот на мобилниот оперативен WebOB, а сега, месец дена покасно, и официјално го стартува проектот.

HP го отвори кодот на Enyo, бесплатна ЈavaScript алатка за креирање апликации. Enyo ќе биде објавен по лиценца за слободен софтвер која ќе им дозволи на програмерите да дитрибуираат Enyo-базирани WebOS апликации. Првично е објавен Enyo 1.0, а за понатаму HP планира да објави и верзија со вклучен WebKit, со поддршка за HTML5, и Silverlight и Flash преку плагини.

Компанијата го објави и планот кога ќе ги објави сите компоненти на „ослободениот“ WebOS.

„Ова е одличувачки чекор кон одредување на нашата цел за забрзување на развојот на платформата и осигурување дека нејзините бенефити ќе бидат доставени до целиот екосистем на веб апликации.“, вели главниот за стратегијата на HP, Бил Вегте.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top