0 коментари 2 мин. читање

Хостирајте го вашиот веб сајт на Dropbox

Пред скоро време пишувавме за опцијата за хостирање на статични веб страници на Google Drive, а денес ќе ви претставиме уште едно слично решение, но овојпат за Dropbox.

Сето ова е возможно благодарение на Dropbox апликацијата на site44 која се поврзува со вашата Dropbox сметка и ви овозможува креирање на веб-сајтови. За да започнете со креирање на вашиот прв веб-сајт, зачленете се преку Dropbox, при што ќе бидете пренасочени на сајтот на Dropbox на кој ќе бидете прашани дали сакате да дозволите пристап на site44 до вашиот Dropbox, кликнете Allow.

Откако ќе овозможите site44 да пристапи до вашиот Dropbox, отворете го Dropbox директориумот и ќе можете да забележете дека е креирана нова папка со име Apps во која се наоѓа уште еден директориум – site44. Site44 е директориумот во кој ќе бидат сместени сите ваши веб-сајтови.

Потоа, од страницата на site44, кликнете на Create a new website и внесете име со кое сакате да се пристапува до истиот. Со тоа, автоматски ќе креирате нов директориум во site44 и во него ќе бидат сместени сите датотеки на вашиот веб-сајт.

Ова е одлично решение за создавање на сајтови со статична содржина, како на пример за хостирање на вашето CV или нешто слично, и не троши многу сообраќај, бидејќи како обичен корисник ви е дозволено сообраќај од 100MB/месечно.

Повеќе за услугите и пакетите што ги нуди site44 можете да прочитате овде.

Site44 Tutorial from Steve Marx on Vimeo.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top