Поранешниот директор на Google, Ерик Шмит, во интервју за Wall Street Journal изјави дека е зачуден од однесувањето на Apple. Тој вели дека е исклучителнo љубопитен зошто Apple ги напаѓа нивните партнери, а не Google.
Во интервјуто г. Шмит, кој беше три години дел од бордот на Apple до 2009-та година, повторно ја обвини компанијата од Купертино дека со своето однесување прави креирањето на нови компании, кои би произведувале телефони да биде речиси невозможно, пред се бидејќи нема никаква можност за нови компании да ги соберат потребните патенти.
„Односите со Apple секогаш биле „топло-ладни“. Очигледно ние би сакале тие да ги користат нашите мапи. Тие го избришаа YouTube од својот почетен екран (на iPhone и iPad), Не сум сигурен зоштo.“, одговори г.Шмит на прашањето за односите помеѓу Apple и Google.
The Verge во својата анализа вели дека причината за отсуство на директен напад кон Google, е всушност стратегија на компанијата. Apple сака да го запре Android со запирање на производите кои најмногу заработуваат на пазарот. Токму поради ова Apple го напаѓа Samsung кој всушност и најмногу заработува од Android.
Во моментов актуелен е спорот помеѓу Apple и Motorola кој се одложува речиси цела година. Покрај ова, за Google е актуелно прашањето за монополски статус. На прашањето за односите со ЕУ и FTC, за колкава закана представува тужбата, г. Шмит одговори: „Незнам. Ние сме во постојана комуникација со Европа и со FTC. Доаѓа време кога тие ќе мора да решат за една или друга резолуција, сепак не е дека немаат милиони документи за разгледување. Сепак јас останувам оптимист“.







