Надополнување 30 септември 12:20
Добра вест за сите љубители на хорор игри. Scorn ги собра потребните 150.000 евра за успешно завршување на кампањата. На девет дена пред крајот на кампањата, 4.342 поддржувачи ја поддржаа играта, па Scorn собра 154.175 евра. Некој ден порано сите купувачи можеа го добија демото и можат да видат како ќе изгледа финалната верзија.
Видеоиграта Scorn на српското студио EBB Software речиси без сомневање е најамбициозата хорор игра од регионот. Компанијта има партнерство со Humble Bundle, но поради желбата за подобрување на некои аспекти беа потребни повеќе средства, па за таа цел започнаа Kickstarter кампања. Досега над 3.500 поддржувачи инвестираа околу 120.000 евра, а кампањата е тек.
Иако ова е период во кој тимот на EBB Software е зафатен со финализирање на демото, сепак одвоиjа време да ни одговорат на неколку прашања.
На играта работиме 20 луѓе. Го користиме Unreal 4 енџинот. Scorn е во развој веќе 4 години, иако тимот беше значително помал на почетокот.

„Во тоа и е трикот. Нема да ја пропуштите приказната, но можеби ќе пропуштите некои настани ово неа. Токму тоа е дел од предизвикот и ќе ве натера повторно да ја изиграте Scorn. Сакаме да го направиме играчот дел од светот, а отстранувањето на „cutscenes“ ќе придонесе за ова“.

„Гејминг индустријата во Србија дефинитивно е во развој, иако повеќе има недостаток на луѓе со искуство, отколку на кадар без знаење. Многу е поедноставно да го совладате софтверот, отколку да знаете како дизајнирате звук или да носите бизнис одлуки“, велат од EBB Software. „Најголемите проблеми ни се исти како и со останатите инди развивачи насекаде – пристап до финансии. Тешко е да се менаџира со двата краја на развојот истовремено – бизнис аспектот и креативниот аспект.“
