1 коментар 1 мин. читање

HoloLens може да биде најдобрата технологија што ја имал Microsoft

Project X-ray е нова демонстрација на гејминг можностите на HoloLens, и не е ништо помалку импресивна од првите презентации со Minecraft. Овојпат играчите треба да се справат со вонземјаните кои излегуваат од ѕидовите, од подот и буквално секоја површина во собата. За оваа презентација можевме да ги видиме и холо оружјето и холо штитот. Без разлика колку импресивно да изгледа, за жал до сега немаме можност да ги видиме можностите на HoloLens, туку на технологијата која овозможува презентација на можностите на уредот, без да го користиме уредот. Играчот во демото не ја гледа истата слика со нас, но доколку она што го гледаме е блиску до можностите, тогаш развојниот тим на Microsoft, навистина завршил одлична работа.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top