Џејмс Камерoн, режисерот на некои од најспектакуларните холивудски филмови како Avatar, Titanic и Terminator, вели дека филмските студијата не ја користат 3Д технологијата како што треба бидејќи се повеќе се ослонуваат на ефектите и технологијата за креирање на профит. Поради ова големите студија не ги слушаат режисерите кога се во прашање ефектите кои се додаваат во постпродукција.
„Холивуд прави огромна грешка кога се во прашање 3Д филмовите. Доколку потрошите 150 милиони на ефекти, филмот ќе биде спектакуларен, нема потреба од 3Д.“, вели режисерот на TagDF конференцијата.
Г. Камерон е еден од најголемите подржувачи на 3Д технологијата, но е против начинот на кој се имплементира технологијата ви филмската индустрија. И покрај големиот број на забелешки кои ги има режисерот, голема е веројатноста неговите следни три филмови да излезат токму во 3Д, но овојпат наместо на 3Д, г. Камерон ќе се фокусира на карактерите. Најверојатно следат вториот и третиот дел на Avatar, а потоа и Battle Angel работен по стрипот Battle Angel Alita.
[youtube]tyvCSlimtEU[/youtube]







