0 коментари 2 мин. читање 9 јули, 2013

Pong е друштвена мрежа налик на Pinterest, но за Flash игри

Pong.com (Pin Online Network Games) е нова друштвена мрежа за сите кои сакаат Flash игри. Распоредот на игрите е по категорија или корисник кој ги „Pong-нал“, а освен пријателите можете и да одберете да ги „следите сите“, што всушност значи дека ги гледате сите игри на платформата.

Игрите остануваат хостирани на страните на кои се наоѓаат, па корисниците сепак ќе ги погледнат рекламите кои се објавени на тие страни. Споделувањето на игри на Pong.com е едноставно со клик на букмаркот Pong it. Друштвената мрежа ќе се финансира од рекламите, но само во случај ако хостот на играта ги нема потполнето сите реклами.

„Ме радува кога ја гледам оваа почит кон Pong во денешниот гејминг. Pong.com е возбудлив напредок за кој верувам дека ќе ги револуционизира Flash игрите.“, вели основачот на Atari, Нолан Бушел за The Next Web.

Иако е неверојатно дека Flash платформа ќе го револуционизира гејмингот, сепак повремените играчи можат да ја посетат страната за разонода.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top