HidrateMe е паметно шише за вода кое ќе ги потсетува корисниците дека е време за течности секој пат кога ќе „почуствува“ дека се дехидрирани. Иако не станува забор за шише кое е потребно секому, фитнес фанатиците секако ќе имаат корист од уредот.
Со оглед на тоа дека станува збор за паметен уред не изненадува дека за предвидување на количеството течност му се разгледуваат куп параметри, како висина и тежина на самиот корисник, но и влажноста на воздухот или надморската височина. Шишето доаѓа впарено со апликација за паметен телефон, а двата уреди се поврзуваат преку Bluetooth. Дополнително можно е и поврзување со паметните бразлетни на Fitbit или Jawbone со што може да попрацизно да се одреди потребата од течности.
Проектот е подржан од 3.580 корисници на Kickstarter и значително ја надмина својата посакуван цел од 35.000 долари. Досега се собрани речиси 270.000 долари, а цената на едно паметно шише е 40 долари. Најголем дел од луѓето најверојатно немаат потреба од HidrateMe, но на сите кои често вежбаат паметното шише можеби ќе им биде од корист. Сепак останува добар пример како паметните уреди со прилагодување можат да се искористат во секоја пригода.








