4 коментари 2 мин. читање

Hewlett-Packard се откажа од webOS и од нивните нови и идни таблет компјутери

Една од најголемите ИТ компании Hewlett-Packard најави дека нема да продолжи со развојот на нивните таблет компјутери и паметни телефони кои го користеа оперативниот систем WebOS. WebOS е мобилен оперативен систем кој работи на Linux кернел и првично развиен од Palm, компанија која подоцна беше купена од Hewlett-Packard за 1.2 милијарди долари.

Покрај стопирањето на поддршката на webOS, Hewlett-Packard исто така најави дека ќе престане со производство на таблет компјутерите и паметните телефони. Оваа вест значи крај за HP Veer, HP TouchPad, и најавеното Palm Pre 3. Слабата продажба на HP TouchPad, oбјавен на 1 јули, пред помалку од два месеца, е една од причините за овој потег. Од стартувањето, HP TouchPad во В. Британија има продадено само 100 уреди, а во цела Европа само 700 уреди. За споредба првиот iPad се продаде 1 милион пати во првите 28 дена, a денес Аpple Има продадено над 25 милиони таблет компјутери.

Hewlett-Packard вели дека ќе продолжи да бара опции за како најдобро да го искористи овој оперативниот систем, и да продолжи да го развива. Компанијата изјави дека ќе бара партнери за да го линценира WebOS, но мала е веројатноста дека некоја компанија би се нафатила на такво нешто. Кога се појави WebOS, многумина го гледаа како исто толку добар како и оперативниот систем на Apple, iOS, и сега фактот дека постои голема можност да престане да постои е навистина голем шок за голем број на верни корисници.

Карактеристичното за WebOS е тоа што, за разлика од останатите оперативни системи, е базиран на облак што значи дека не користи десктоп програми за синхронизирање на податоци и ажурирање, тоа се прави онлајн.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top