YouTube со нова и подобрена страница за музика

во Веб

Многумина својата дневна доза на музика ја конзумираат од YouTube. Сите оние кои како мене постојано слушаат музика на овој сервис, ќе им се допадне тоа што YouTube ја освежуваат страната за музика.

Страната за музика сега е редизајнирана со цел да ја направи да одговара повеќе на потребите на корисниците, нудејќи персонализирани препораки. Новата музичка страница нуди неколку нови опции, како и подобрени веќе постоечки. Па така, наместо најдобрите видеа од одреден жанр, YouTube сега ви предлага музичари и видеа според вашата историја на гледање, ви покажува листи на концерти кои се одржуваат во блиското опкружување, пропратени со видеа од музичарите кои ќе имаат концерт. Исто така има и нова музичка топ листа, YouTube Top 100. YouTube се има поврзано со Spin, Vice, XLR8R, и некои од врвните видео блогери да креираат плејлисти и да нудат видеа по нивни избор.

Сигурно сте го приметиле новото лого кое седи на местото на добро познатото YouTube лого. YouTube го презентираше ова ново лого, кое седи веќе неколку дена, за да го прослави лансирањето на новата страница за музика. Логото, кое вклучива електрична гитара, ја претставува првата плејлиста Red Hot Chilli Peppers’ Guide to Rock, која е направена лично од членовите на овој култен рок бенд. Наскоро следуваат многу други интересни плејлисти, кои ќе бидат направено од познати музичари. Наредни плејлисти се David Guetta’s Guide to Electronica, Lady Gaga’s Guide to Pop, и Eminem & Royce Da 5’9”’s Guide to Hip Hop.

Уште една интересна новина поврзана со YouTube е интеграцијата со Google+. Од сега корисниците на Google+ ќе можат да гледаат видеа на YouTube во реално време заедно со нивните пријатели користејќи Google+ Hangout. Доколку сакате да ја испробате оваа нова функција, под секое YouTube видео, кога ќе стиснете Share ќе ви се појави опција да го гледате видеото со вашите Google+ пријатели. Кога ќе стиснете на Start a Google+ Hangout, автоматски ќе се поврзе со вашиот Google+ профил, и ќе ви овозможи да одберете кого сакате да го поканите да го гледа видеото заедно со вас. Ова е уште еден потег на Google да го поврзе Google+ со сите свои сервиси.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk