Google забрани промоции на новите Google+ страници за брендови

3 коментари 1 мин. читање

Вчера пишавме за стартувањето на новите Google+ страници, а веќе еден ден потоа започнаа да излегуваат интересни услови за користење на овие страни. Политиката за користење на Google+ страниците налага сопствениците на страниците да не се служат со било какви промотивни активности директно на друштвената мрежа.

Според овој услов, брендовите и компаниите не смеат да водат наградни игри, разни понуди, купони, или било какви промоции на своите Google+ страници. Дозволено е само да се додаде линк до други веб сајтови или друштвени мрежи каде се водат промотивни активности. Доколку овој услов е прекршен, Google+ има за право да ги брише промотивните содржини, па дури и да ја блокира или избрише Google+ страницата која не се придржува до политиката на Google+.

Предходно, со лансирањето на Google+ се кренаа лавина негативни реакции за политиката на оваа друштвена мрежа според која корисниците мора да го користат своето вистинско име. Голема е веројатноста дека и горенаведениот услов за користење на Google+ страниците ќе биде дочекан со негативни реакции.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top