Hello Dragon: И десктоп компјутерите добија свој говорен асистент

во Софтвер

Acer, Dell, HP и Lenovo наскоро ќе доаѓаат со Nuance Dragon говорен асистент. Асистенот ќе има интегриран подршка за Twitter, Facebook и за избирање на музика, пишува PC World. Говорниот асистент ќе доаѓа единствено интегриран со компјутерите и нема да биде достапен надвор како засебна апликација. Nuance и Intel го најавија своето пратнерство пред две години на CES 2012, а конечно во 2014 година ќе излезат првите десктоп и 2-во-1 хибридни компјутери со говорен асистент. Acer, Dell, HP, Lenovo, Toshiba и Asus ќе ги издадат комјутерите со интегриран говорен асистент во 2014.

„Наша цел во соработка со Intel е да го донесеме до десктоп компјутерите напредокот кој таблетие го имаат уште од појавувањето на Apple-овио Siri, последниве неколку години“, вели Мет Ревис од Dragon Devices.

Фразата која ќе го активира асистенот е „Hello Dragon“, а според најавите ќе биде далеку повеќе од досегашните асистенти. Ќе овозможува навигација по Facebook и Twitter и објавување на статуси. Освен ова корисниците слично како и со Chrome екстензијата Hotword ќе може да се пребаруваат по Интернет. Со оглед на тоа дека е интегриран за Nuance нема да има потреба од дополнителни слушалки и микрофон, туку по се изгледа ќе ги користи тие кои му се на располагање. Во следните верзии говорниот асистент ќе ги препознава навиките на корисниците и најчесто употребуваните команди.

[youtube]c9jk3P0GqLU[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments