По успехот на првиот дел, серијалот BUSTAFELLOWS се враќа со целосно нова сезона, носејќи ги со себе препознатливите мистериите, романсата и адреналинот што ги освои долгогодишните фанови. Овој визуелен роман ветува уште подлабока приказна, покомплексни ликови и нови механики кои ќе ги задоволат и најверните фанови и новите играчи.

Морални граници
Дејството повторно нè враќа во мрачните улици на градот Њу Сиг, каде што криминалот и правдата водат постојана битка. Втората сезона поставува длабоки филозофски прашања за тоа кој е виновен кога нештата ќе тргнат наопаку и што би можела да биде праведна казна. Светот е претставен низ призмата на црно-белите поделби, но вистинската суштина лежи во сивите нијанси помеѓу нив. Ликовите кои ги среќавате се соочуваат со последиците од своите одлуки, истражувајќи ги комплексните односи меѓу светлината и сенката, доброто и злото.

Во BUSTAFELLOWS Season 2 повторно ја преземате улогата на храбрата новинарка Теута, која заедно со добро познатата група на фикcери – Лимбо, Шу, Хелветика, Мозу и Скеркроу – се впушта во решавање на нови, мрачни злосторства што го потресуваат градот. Приказната се доживува како интерактивен филм, каде што секоја ваша одлука има тежина и влијае на развојот на настаните.
Една од најголемите новини во BUSTAFELLOWS Season 2 е воведувањето на новиот, таканаречен Flowchart System. Оваа корисна алатка ви овозможва да го следите вашиот напредок низ приказната, но и да се вратите на одредени клучни моменти за да истражите различни патеки и избори. На овој начин, на лесен и интуитивен начин ќе можете да се навратите на приказната, за да ниту еден детаљ од мистеријата нема да остане неоткриен.

Играта нуди пет различни рути, секоја посветена на еден од главните машки ликови. Секоја рута раскажува уникатна приказна во која вие играте централна улога, со што се овозможува повеќекратно играње со сосема ново искуство секој пат.
За оние кои го играле првиот дел, Season 2 нуди можност да ги продолжат и продлабочат романтичните врски со омилените ликови. Низ заедничките предизвици и борби, ќе откриете нови страни на Теута, Лимбо, Шу, Хелветика, Мозу и Скеркроу, следејќи го нивниот развој и созревање.

Визуелниот аспект на играта е подигнат на уште повисоко ниво. Ликовите се прекрасно изработени, со нови костими, фризури и сценарија кои им даваат свежина и длабочина. Уметничкиот стил останува верен на оригиналот, но со видливи подобрувања кои го прават визуелното искуство незаборавно.
Покрај импресивната визуелна презентација, играта се истакнува и со својата гласовна глума. Ангажирана е екипа од познати јапонски гласовни актери, вклучувајќи ги Јуи Кондо, КЕНН, Јошимаса Хосоја и многу други, кои со својата изведба им даваат живот и емоција на ликовите.
Како дополнителен бонус, можете да собирате и меморабилии, како и да отклучувате специјални епизоди под одредени услови. Со играта се добива и пристап до ексклузивна епизода.

BUSTAFELLOWS Season 2 e амбициозен проект кој успешно ги надградува сите аспекти на оригиналот. Со својата зрела и повеќеслојна приказна, иновативни гејмплеј механики и врвна продукција, оваа игра е задолжително искуство за сите љубители на визуелни романи, мистерии и романтични приказни. Без разлика дали сте долгогодишен фан или нов во светот на BUSTAFELLOWS, подгответе се за незаборавно патување низ улиците на Њу Сиг.







