Happify е сервис кој ќе ве направи посреќни преку персонализиран тренинг

Happify е сервис кој се обидува да ве направи посреќни со тоа што ќе направи да се чувствувате подобро поради себе и поради работите кои веќе ги имате. Најпрво ќе треба да одговорите повеќе прашања за вас, како на пример колку години имате дали сте вработени, дали имате деца, колку години имаат децата и слично, за да може да го персонализирате тренингот, по што Happify ви препорачува персонализиран план кој би требало да го следите. Дел од вежбите се на пример препознавање на три позитивни работи кои ви се случиле во денот, препознавање и соочување со проблемот кој ви предизвивккува најмногу стрес или играње на едноставна игра со стимулирачки зборови. Доколку се сомневате во ефикасноста на некои од вежбите, можете да проверите зошто функционира вежбата со одбирање на „Why it works?“ функцијата која е достапна за секоја од нив.

Голем дел од тренингот останува и откога ќе заврши вежбата, а корисникот треба да напише блог пост за искуството, иако ова може и целосно да се прескокне. Сепак ова овозможува не само споделување на искуствата со останатите корисници, туку и соочување и надминување на проблемите. По завршување на неколку вежби ќе може да разгледате и кои тренинзи ги одбирате најчесто и каде повеќе напредувате, на пример: вкус, благодарност, стремеж, подарување или емпатија, па оттука ќе можете да одберете што повеќе да тренирате во иднина.

„Да се биде среќен е вештина. Состојките од кои е составен исполнет живот се вештини кои луѓето всушност можат да ги научат. Тоа е нешто што се учи и се развива“ вели еден од основачите на Happify, Офер Леднер во интервју за Fast Company.

За жал, бесплатната верзија ви овозможува единствено 3 дела од планот дневно, а доколку се одлучите за претплата ќе можете да завршувате повеќе тренинзи во денот. Сепак за посреќен живот доволно е 3 дена во неделата да ја посетите страната и да завршите некои од вежбите, тврдат основачите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk