„Чудесниот“ графен може да се користи за следната генерација на компјутерски процесори

во Хардвер

Графенот секако е материјал на иднината, а според откритијата кои ги направи Универзитетот Калифорнија, во следната генерација на процесори може да го заменат силициумот како материјал од кои се изработуваат полупроводниците.

Најголемиот проблем кој го имаат силициумските чипови е енергијата која се претвара во топлина и е некорисна во пресметките кои ги завршува секој процесор, иако оваа дисипација е неизбежна во сите уреди. На контактите на транзисторите каде попупроводникот се допира со металниот контак има контактен отпор, кој се јавува поради тоа што се допираат разнородни материјали. Иако оваа енергија е занемарлива, бројот на контакти е во милијарди, па растурената енергија станува прилично значаен фактор. Покрај ова загревањето не само што не придонесува туки и ги намалува перформансите на елементите.

„Покрај тоа што е со дебелина од само еден атом и чистата површина, графенот има и пропусливост која може да се нагоди со литографско скицирање на патеките, тесните патеки од графен можат да бидат полупроводници, а пошироките патеки се со метално својство. Поради ова, може да бидат креирани континуирани графенски патеки кои се изработени од истиот материјал, а се дизајнирани како активни и пасивни елементи. Поради бесконтакното поврзување, елементите имаат помал контактен отпор.“, се вели во истражувањата.

Тимот составен од Каустав Бенерје, Џихао Канг, Деблина Саркар и Јашин Катаму успеа да изработи елемент од еден лист од графен кој во себе содржи делови кои се однесуваат како метал и делови кои се однесуваат како полупроводници. Ова се должи на својството кое го има материјалот, односно подебелите ленти се однесуваат како проводник, а потенките ленти како полупроводници. Вака изработениот CMOS би имал помали загуби за 10 до 100 пати. Засега ова сепак е само теориско интегрирано коло, но во иднина би можело да се случи да видиме и функционален прототип.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments