1 коментар 2 мин. читање

Хакерот кој проби над 100.000 имејл адреси на iPad и AT&A корисниците, доби 3 години затворска казна

Хакерот Ендрју Ернхајмер, попознат како Weev, доби три години и пет месеци затворска казна поради пробивање на сервер на AT&T и преземање на над 100.000 имејл адреси на корисници на iPad. По затворот, Weev ќе има три години под надзор и ќе мора да плати 36.000 долари, пишува Mashable.

Weev oткри дека може по случаен избор да погоди идентификациски број на iPad, кој доколку се вметне во јавните и незаштитените сервери на АТ&А ќе ја открие имејл адресата на корисникот. Откако направи автоматизирана скрипта, хакерот собра илјадници имејлови кои подоцна ги предаде на мрежата на блогови Gawker.

Иако AT&T за време на судењето признаат дека до серверите можело да се пристапи јавно, сепак операторот вели дека хакерот немал авторизација за таков пристап преку кој ги собирал информациите. Weev е казнет за неавторизиран пристап и компјутерски криминал според американскиот Computer Fraud and Abuse Act. Според поротата, хакерот свесно го направил криминалот, иако тој не се согласува со одлуката.

„Одам во затвор за аритметика. Додадов еден на тој *** број, на јавен веб сервер, ги агрегирав податоците и ги предадов на новинар на Gawker. И затоа одам во затвор – заради аритметика. Нека оди оваа земја по ѓаволите!“, вели хакерот.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top