Google ја објави и ја повлече апликацијата за белешки Keep

во Веб

Откако го најавија чистењето, Google случајно објави нов сервис за креирање на забелешки преку Google Drive кои можете да обоите во различни бои за подобро распознавање, чек-листи и слично. Сервисот именуван Keep го снема исто толку ненадејно како што се и појави.

Keep апликацијата за првпат случајно се појави на веб уште во минатата година, но изгледа дека токму сега се ближи нејзиното објавување. Први кои тоа го забележаа беа луѓето од Android Police кои го начекаа овој сервис и објавија фотографии од него.

Сервисот е прилагоден за користење преку мобилните уреди, исто така, овозможено е и пребарување, а покрај чек-листите и белешките, овозможува и додавање на фотографии. Исто така, се шпекулира и дека сервисот ќе добие Android апликација, но сè уште нема никакви информации за тоа.

Оваа нова апликација на Google би можела да стане конкурент на Evernote и останатите слични сервиси, доколку се покаже како добра и со побогати опции од тоа што тие го нудат. Google Keep би требало да биде достапен преку адресата https://drive.google.com/keep/.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments