Членовите на LulzSec се осудени од една до три години затворска казна

Членовите на контроверзната хакерска група LulzSec, која овој период во 2011-та година направи хаос низ Интернетот, се изјаснија пред судот во Лондон како виновни за пробивање на владини сајтови. Рајан Акројд, 26, Џејк Дејвис, 20, Мустафа-ал Басам, 18, и Рајан Клири, 21, добија затворски казни од една до три години, иако сите казни ќе бидат преполовени поради возраста. Клири ќе лега најмногу бидејќи е казнет и заради поседување на слики со детска порнографија која полицијата ги заплени од неговиот компјутер.

Во екот на својата контроверзна кариера LulzSec се правдаше дека само ги истакнува своите хакерски вештини, дека го брани Интернетот и дека хакира само за „lulz“. Но, групата му призна на британскиот суд дека украле податоци од Sony. Во периодот од само два месеци LulzSec успеа да ги нападне, сруши или пробие сајтовите на News International, Electronic Arts, CIA, британската Sоса и воздухопловните сите на САД, меѓу другите.

„Доказите јасно покажуваат дека групата сакала да постигне национален и интернационален публицитет.“, вели обвинителот Сандип Пател. „Ова не е случај на млади недозреани момчиња кои се глупираат. Тука се работи за современи технолошки криминалци попознати како сајбер криминалци.“

Во јуни 2011-та, веднаш откако LulzSec престана со своите активности, во САД беше уапсен водачот на групата, Хектор Монсур, познат како Sabu. Тој подоцна реши да му помогне на FBI да ги фати и другите членови. Sabu сè уште не е осуден.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments