Гејминг конзолата Nvidia Shield ќе биде достапна од јуни по цена од 350 долари

Трпение до јуни и 350 долари е се што ви е потребно за новата преносна конзола од Nvidia. Цената ја прави Nvidia Shield најскапа преносна конзола, 100 долари повеќе од Playstation Vita. Оперативниот систем на Shield е Android што барем би требало да значи дека ќе има добра соработка со Play Games од Google.

Хардверот на конзолата е импозантен за преносна конзола, 72-јадрен GPU и 4-јадрен ARM Cortex-A15 процесор, спакувани во најмоќниот процесор вакви уреди во моментов Tegra 4. Shield доаѓа со 2 GB RAM и 16 GB внатрешна флеш меморија, а дисплејот е 720р иако според најавата преку HDMI приклучок уредот ќе може да репродуцира 4К резолуција.

„Пазарот за преносни конзоли е во криза и има се поголема конкуренција од паметните телефони, па мора да се запрашате кој е пазарот за Android гејминг уред.“, изјави уредникот на порталот MCV во интервју за BBC.

Сепак кога станува згор за вакви уреди, прво прашање кое го поставува гејмерот е „Што ќе можам да играм на конзолава?“. Сопствениците на понови Nvidia графички карти ќе можат да стримаат игри од својот десктоп на конзолата. Ќе може да играте и на TegraZone, а најавени се и две игри оптимизирани за конзолата на Steam. Станува збор за Sonic 4 Episode II и Expandable Rearmed. Претпродажбата започнува на 20 мај, сепак поради цената на уредот и недоволниот број на игри, барем засега можете да ја прескокнете оваа конзола.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk