Хакерите кои го пробија British Airways повторно напаѓаат

во Вести

Хакерската група која неодамна ја проби заштитата на British Airways повторно напаѓа. Овој пат жртва се корисниците и купувачите на Newegg.

Групата успеа да вметне неколку линии код со кој ги прибираше податоците на корисниците. Повторно дел од податоците кои се украдени се од платежните картички на купувачите. Хакерите имале пристап до чувствителни податоци од 14 август до 18 септември. Интересно периодот е близок со нападот на British Airways таму податоците беа прибирани од 21 август до 5 септември.

На Newegg напаѓачите ги префрлале податоците од еден  на друг сервер со слично име на доменот. Серверот кој го користеле е со https сертификат. Нападот го откри компанијата Volexity, по што кодот е отстранет.

Пробивањето на Newegg е и поголем проблем од British Airways. Станува збор за една од најголемите онлајн продавници во САД, а пред 2 години во 2016 заработија 2,65 милијарди долари. Продавницата секој месец ја посетуваат 45 милиони корисници, вели TechCrunch.

Безбедносните експерти се сомневаат дека нападот повторно е дело на истата група. Magecart е колектив кој напаѓа недоволно заштитени сајтови. Тие не таргетираат некој регион, пример САД, туку сите кои имаат онлајн плаќање се потенцијална мета на напад.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Support & Solutions Center Mk

DevOps Engineer

Македонијалек доо

Програмер C + +

види ги сите огласи на kariera.it.mk