0 коментари 2 мин. читање 26 септември, 2018

Основачите се збогуваа со Instagram

Основачите на Instagram Кевин Систром и Мајк Кригер ја напуштаат платформата која ја креираа. Според најголем дел од медиумите причина за заминувањето е несогласување со директорот на Facebook, Марк Закерберг.

Instagram е еден од главните делови на Facebook кои последниве години ја одржуваат друштвената мрежа актуелна. Секако немаше да исчезнат, но Facebook украде и интегрираше речиси сѐ од Snapchat на Instagram.

„Планираме да го напуштиме Instagram за повторно да ја истражуваме нашата љубопитност и креативност. Креирањето на нови работи бара да се повлечеме, да видиме што не инспирира и да видиме што му е потребно на светот; Ова е тоа што планираме да го направиме“, вели г. Систром.

Instagram е една од неколкуте платформи со над 1 милијарда корисници. Платформата е дел од Facebook од 2012 година, иако и тогаш беа гигант, бројките денес се неспоредливи.

„Пораснавме од тим со 13 луѓе во илјадници, со канцеларии низ целиот свет, истовремено градејќи продукти кои заедница од над 1 милијарда корисници ги сакаше и користеше“.

Засега се чини дека за Instagram без основачите ќе следува подлабока интеграција во Facebook. За друштвената мрежа ова е веќе втор основачки тим од голема платформа кој ги напушта релативно брзо. Основачите на WhatsApp, Брајан Актон и Јан Кум  ја напуштија платформата поради несогласување со бизнис политиките и политиките за приватност, потсети Bloomberg.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top