0 коментари 2 мин. читање 12 април, 2013

Google ќе ви дозволи да направите „дигитални тестаменти“

Google ќе им дозволи на корисниците да решавaат што ќе се случи со нивните податоци по смртта. Со оглед на тоа дека ќе биде тешко да ја констатираат смртта, истот правило ќе важи и доколку сте неактивни повеќе од шест, девет или дванаесет месеци.

Понудениот избор е помеѓу оставање на податоците во „наследство“ на определени луѓе или целосен дигитален заборав (односно бришење на сите податоци). Изборот ќе важи за Google+, Drive, Gmail и другите сервиси на Google.

„Се надеваме дека оваа услуга ќе ви овозможи да го планирате вашиот дигитален „задгробен“ живот – на начин кој ќе ја заштити вашата приватност и безбедност – и ќе го направи животот полесен и за вашите најблиски.“ вели Google на својот блог.

Услугата е наречена „Inactive Account Manager“, а покрај изборот на времето по кое Google ќе ве орогласи за неактивен, можете да изберете и телефонско предупредување, но и да го избреете контакот на кој ќе му го оставите профилот или можеби да ја изберете опцијата за бришење.Facebook има слична опција наречена „memorialise account“, потсетува BBC. Ќе биде интересно да видиме во која насока ќе се движи изборот на корисниците, но и како ќе го решат ова останатите друштвени мрежи и сервиси.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top