Хакери ја пробија заштитата на Securus, компанијата која ги следи телефоните за полицијата

Хакерска група успешно ја проби заштитата на компанијата Securus. Оваа компанија и помага на полицијата за следење на мобилните телефони. Хакерите испратија „примерок“ од податоците до Motherboard.

Интересно е што пробивањето на заштитата не е ниту најконтрoверзниот дел од оваа приказна. Securus купува податоци за корисниците и за телефоните, и потоа овие податоци ги продава на полицијата. Податоците Securus ги купил од AT&T, Sprint, T-Mobile, и Verizon. Како потоа компанијата ги користи овие податоци останува непознато.

Хакерот откри дека компанијата ги чувала податоците во уредени бази на податоци. Па така една од базите била наречена „полиција“ друга „затворски чувари“ и слично. Во базите има електрoнска пошта, адреса, телефонски број и хашови од лозинки. За жал, за хаширање се користи MD5 алгоритам кој не е доволно безбеден, вели Motherboard.

Securus се фали со ветувањето дека може да ги следи телефоните и со исклучен GPS. Ова го прават со собирање на мета податоците од секој телефонски разговор. Ова практично значи дека приватна компанија има можност да ги следи жителите на САД дури и кога нема налог за следење.

Секако овие податоци дека компанијата навлегува во нелегални активности, а згора на тоа и не ги заштитува податоците, е лоша вест. Компанијата веќе е под истрага на Федералната комисија за комуникација, а сега би можеле да се појават и пред сенатот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments