Хакерот Стив Тругтон-Смит успеа да го префрли и стартува личниот асистент Siri на iPhone 4. Siri е ексклузивно достапен само за новиот iPhone 4S и е софтвер кој извршува команди си препознавање на говор.
Г. Тругтон-Смит преку Twitter го блогираше во живо хакнувањето на Siri, а објави и две видеа кои ја прикажуваат апликацијата како се стартува и работи, но во видеата не се гледа дали Siri на iPhone 4 реагира на глас.
Според 9toMac, нема технички проблеми за Siri да се појави и на претходната генерација на iPhone 4, бидејќи хардверот на телефонот, поточно A4 процесорот може да ја поддржи вештачката интелигенција на Siri. Moжеби проблемот лежи во специјалната поддршка за микрофонот или бидејќи со A5 процесорот на 4S моделот апликацијата функционира како што е замислена.
[youtube]Pue5Yl3WrZA[/youtube]







