H1Z1 е бесплатна за играње цела недела

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, гејминг

H1Z1 battle royale играта се појави пред PUBG, но не успеа да ја достигне истата слава, иако тимот зад играта макотрпно вложува напори во исправка на корисничкиот интерфејс, балансирање оружја и проширување гејмплеј механики. Сметајќи дека играта се наоѓа во значително подобра игрива состојба од порано, студиото се труди да привлече повеќе играчи така што нуди бесплатен пробен период во времетраење од недела дена.

Од 14 до 21 декември, сите заинтересирани ќе можат бесплатно да ја преземат играта и целосно да се втурнат во Solo mode, Duos, Fives, или во борбената зона (Combat Zone). Напредокот кој ќе го направите за време на бесплатните седум денови, автоматски ќе се префрли кога и доколку решите да ја купите играта, која би требало да се продава со 75% попуст, односно за 5 евра.

До 1.јануари, меѓутоа, H1Z1 има и празничен настан кој се вика Wreck the Halls, а е замислен да ве награди со ексклузивни изгледи врзани за временско-чувствителни настани.

Од скоро 120 000 гејмери, само 63% имаат доделено позитивни рецензии на играта. Но, доколку сакате да го разбиете PUBG и Fortnite секојдневието, H1Z1 се наметнува како risk-free солуција.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments