0 коментари 1 мин. читање

Google сака да му зборувате на вашиот автомобил преку Android Auto

Без премногу помпа Google ја презентираше новата платформа Android Auto, која ќе овозможи префрлање на екранот од телефонот на контролната табла на автомобилот.

Станува збор за платформа која главно преку гласовни команди ќе овозможи креирање на потсетници, бирање на музика и слично. Во моментов апликацијата им е корисна единствено на сопствениците на Pioneer Dashboard, но Google најавува нови партнери за иднина. Ограничување е и оперативниот систем кој за оваа апликација мора да биде Android 5.0 на телефонот, а командната табла доаѓа со Android Wear оперативен систем. За сега апликацијата е достапна во САД, Британија и Австралија, но нови партнерства ќе бидат достапни наскоро, уверуваат од Google.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top