GTX 1050 е најевтин начин да го претворите секој компјутер во гејминг машина

0 коментари 1 мин. читање

Nvidia ги претстави новите GTX 1050 графички картички. Она што изостанува се „founder“ верзиите на овие уреди, но најавени се GTX 1050 и GTX 1050 Ti од повеќе производители.

Графичките картички се наменети за 1080p гејминг искуство слично како и конкурентските RX 460 и RX 470 од AMD. За сите освен за најоптoварувачките игри графичката е сосем доволна за 60 fps.  Ако корисникот користи i5 Haswell процесор; GTX 1050 овозможува:  The Division; Fallout 4; GTA V; Overwatch; па дури и The Witcher 3, да се играат на 1080p и просечни 61.2 FPS, ветуваат од Nvidia.

Цената на GTX 1050 Ti е 155 евра. GTX 1050 чини 125 евра. Процесорот на GTX 1050 Ti е со 768 CUDA јадра, работна фреквенција до 1392 MHz и 4GB DDR5. Обичната верзија на картичката доаѓа со 640 CUDA јадра и подобра „boost“-фреквенција до 1455MHz, но само 2 GB меморија.

Верзии на GTX 1050 Ti и GTX 1050 ќе бидат достапни од MSI, Asus, Zotac, EVGA, Galax, Inno3D и Palit. Картичките се со моќност 75W, но ќе има и верзии за кои ќе биде овозможено оверклоукување и ќе доаѓаат со дополнителни приклучоци.

Графичките картички ќе бидат достапни на пазарот од 25 октомври. Кај нас вообичаено доцнат помеѓу 2 и 3 недели во зависност од достапноста на пазарот.

gtx-1050-specs
Image: Nvidia
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед