0 коментари 2 мин. читање 21 мај, 2018

Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #5

Во овој серијал на текстови тимот на Brainster ќе споделува Growth маркетинг алатки и техники кои можат да ти помогнат во градењето на твојата кариера како маркетер.


Buffer препорачано од Марија Јаневска, дипломиран студент на Академијата за Дигитален Маркетинг

Buffer е алатка која ќе ти помогне во креирање различен контент, зависно од платформата на која што постираш и може многу да ти заштеди на време. Ти овозможува да закажуваш објави месеци однапред, на различни профили на Facebook, Instagram, Twitter, Linkedin, Google+ и Pinterest истовремено. Можеш автоматски да ја споделиш содржината на различните профили, а можеш и поединечно да закачуваш во други денови и термини. Доколку водиш повеќе страни одеднаш многу ќе ти користи.

Sentient Ascend препорачано од Петар Ниновски CEO на Brainster

Софтвер за А/Б тестирање. Овозможува тестирање со повеќе варијации со користење на споредбена статистичка анализа и одредува кои од варијациите се најдобри. Звучи сложено, ама не е – се што треба да направиш е да дадеш 2+ идеи, и после алатката самa ќе си заврши работата и ќе ти каже која идеја е подобра и зошто.

ResponsiveDesignChecker препорачано од Емилија Здравковска, студент на Академијата за Дигитален Маркетинг

Ова е тул за респонсивност. Го внесуваш url-то од страната што сакаш да ја провериш и ти дава како изгледа на различни уреди. Можеш да ги провериш сите опции – десктоп, таблет и мобилен, има дури и за различна големина и модел. Скроз корисно и скроз бесплатно за користење.

Напишано од

Brainster

Brainster.co е македонска едукативна платформа која цели да го модернизира образованието. Започнуваат во Скопје, со планови да се прошират во Атина, Софија и други градови. Конечната цел е да изградата глобална заедница на едукатори.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top